Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство во близина на Мавровка, полицијата уапсила две лица, третото е во бегство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство во близина на Мавровка, полицијата уапсила две лица, третото е во бегство

УБИСТВО СЕ СЛУЧИ КАЈ МАВРОВКА

Трговецот Васил Ефтимов е убиеното лице кај паркингот пред ТВ „Мавровка“, дознава ТВ Алсат.

Станува збор за управител на фирмата Мителмонт за продажба на делови од водоводна опрема.

Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртвата.

Кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице. По доаѓањето екипата на брза помош ја констатирала смртта.

Излезе и МВР со деталите за убиствбото кај трговскиот центар Мавровка. 

„Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.

АРСОВСКА ОБЈАСНИ ШТО РАЗГОВАРАЛЕ ВЧЕРА НА СРЕДБАТА ВО ВЛАДА


Владата треба да си го подмири долгот од осум милини евра на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје за бесплатниот превоз на студентите. Tоа е приоритет доколку сакаат да се решаваат проблемите, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во одговор на новинарско прашање за проблемите со јавниот превоз во градот.

Арсовска на прес-конференција во Град Скопје ја изнесе својата верзија за исходот од вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Злато Перински што се одржа со цел изнаоѓање решенија за проблемите со јавниот превоз и нечистотијата во главниот град.

ГАШИ И СВАДБАРСКАТА ПОВОРКА НЕ ПОМИНАЛЕ НА ПАСОШКА КОНТРОЛА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека претседателот на Собранието, Африм Гаши, и членови на неговото семејство, како дел од свадбена поворка, го поминале граничниот премин Блаце за влез во Косово без да се евидентираат на пасошка контрола. Тошковски најави казни за службените лица.

„Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила.

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАД 61.000 ДЕНАРИ

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од планинарските друштва во Македонија велат дека во наредниот период ќе имаме драстично помалку странски планинари на македонските планини, посебно на местата каде имаше големи шумски пожари.

Ако една работа е сигурна, тоа е дека шпедитерскиот бизнис е навистина високоприходна дејност.

Дали нуклеарниот потенцијал на регионот што го знаеме како Чебрен ќе биде спасот за најголемата државан фирма, а воедно ќе донесе долгорочна енергетска стабилност и евтина енергија за Македонија? За да се снесе тоа јајце треба знаење, визија, мудрост и што е најважно чувство дека сега е моментот. Секој што и мисли добро на Македонија, а се разбира во оваа проблематика знае дека сега е моментот

Иако на Берзата владее своевидно затишје и неколкудневна корекција благо надолу на најголемиот дел од акциите кои го сочинуваат Македонскиот берзански индекс МБИ 10, инвеститорите не престануваат да се интересираат за хартиите од вредност на најдобрите и најмоќните компании.

Орка Холдинг повеќе нема акции во мелничко пекарската компанија Жито Полог. Оваа компанија досега поседуваше 5,13 проценти од акциите, но сега тие се продадени и компанијата во ова акцвионерско друштво повеќе нема сопственост.


Слично

Поврзани вести