Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство на жена во скопско, уапсен е мажот и три други лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство на жена во скопско, уапсен е мажот и три други лица

УБИСТВО НА ЖЕНА ВО СКОПСКО

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. 

„Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот“, велат од ОЈО. 

Претходно и полицијата информираше дека мажот ја пријавил сопругата за исчезната, а потоа пријавил дека ја нашол мртва по што го уапсиле него и уште три лица. 

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево активираше жолт и портокалов степен на алармирање за територијата на целата држава поради нагло покачување на температурите во следните два дена.

Според официјалните метеоролошки карти, топлотниот бран ќе го достигне својот пик на самиот крај на овој месец.

„МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за високи температури за ден 29 и 30.06.2026!“ гласи официјалното соопштение на УХМР.

ВО ЕВРОПА ИМА ЖРТВИ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН

Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа. 

Светската здравствена организация (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа од 21 јуни. 

„Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, стотици лица починаа, училиштата се затворени, а електроенергетските мрежи се под огромен товар.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести