Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство и самоубиство ја потресе Демир Капија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство и самоубиство ја потресе Демир Капија

УБИСТВО И САМОУБИСТВО ВО ДЕМИР КАПИЈА

72-годишниот Марко Костадинов го убил 34-годишниот Бојан Младеновиќ во текот на ноќта во Демир Капија пред потоа сам да си го одземе животот, објави Телевизија 24, по веста која изутрина ја потресе земјата.

Костадинов, кој неофицијално бил полицаец во пензија, знаел да се заканува, но соседите не го сваќале сериозно. Тој живеел на долниот кат,  а Младеновиќ на горниот.

Млчаденовиќ додека спиел ја оставил вратата отклучена, а Марковски се качил во неговото живеалиште, го застрелал на спиење во главата и потоа го заклучил. Кога се симнал во својот дом си го одзел животот.

Жителите изутрината побарале од полицајците да проверат горе што се случило, а тие ја скршиле вратата.

ВЛАСТА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА

Владата соопшти дека се донесени заклучоци за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта.

Владата на денешната 154-та седница ја разгледа Информацијата за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, подготвена од Министерството за образование и наука. Донесени се повеќе заклучоци во делот на превентивата и безбедноста во училиштата и на учениците.

НАМЕСТО НОВИ ТАБЛИЧКИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ОЗНАКИ „НМК“

Ќе се користат налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, за заштита на граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација. Ова го соопштија од Владата по денешната седница. 

Владата на денешната 154-та седница ја разгледа и усвои и Информацијата за потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблици, предложена од Министерството за внатрешни работи.

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ГО ТУЖИ И БАРА 10.000 ЕВРА ОД КОВАЧКИ

Денеска во Основен суд 2 се одржа подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницираше министерката за одбрана Славјанка Петровска против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен полковник, Драган Ковачки. 

Петровска го тужи Ковачки откако овој објави детали од психијатриски наод за министерката. Петровска денеска во изјава по рочиштето од судскиот процес против Ковачки рече дека од него бара отштета од 10.000 евра.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фатмир Меџити, новиот министер за здравство кој на таа позиција во Владата дојде како кадровски прелдог од Алијанса за Албанците, поседува куќа од 875.000 евра, покажува анкетниот лист што го објави Државната комисија за спречување на корупција.

Полог е пример за тоа дека во Македонија може да се води голем бизнис и од село. Полог е исклучок од правилото што важи во Македонија дека градот го уби селото. 

Еве можело. Еден кумановец преку директно управување и посредно менаџирање на своите четири фирми лани успеа да направи агрегатен приход што надминува 124 милиони евра. Дури три од неговите фирми се во петте најголеми компании во најголемата македонска општина - единствена што има повеќе од 100.000 жители. 

Како може да се оствари вкупен профит од 62 милиони евра за само еден квартал, тоа ќе ви го кажат македонските банкари. Тринаесет директори на 13-те домашни банки можат да се пофалат дека во првиот квартал од годинава оствариле вкупен профит од 61,6 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Дел од Русите кои не сакаа да војуваат во Украина, но и оние кои ја осудиле инвазијата на социјалните мрежи поради што се во ризик да им се суди, се преселија во Аргентина и тој процес не запира. 

Слично

Поврзани вести