ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиената велешанка неколкупати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, за што бил и условно осуден
УБИЕНАТА ВЕЛЕШАНКА ГО ПРИЈАВУВАЛА ВО ПОЛИЦИЈА БИВШИОТ ПАРТНЕР КОЈ ЈА МАЛТРЕТИРАЛ
Oд полицијата велат дека во врска со И.С.(39) од Скопје, извршени се проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со кривично - правни настани пријавени од 31-годишната Р.К. од Велес, при што евидентирано е дека на 26 јануари 2025 година во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес ја вознемирувал додека шетала куче.
За наведеното И.С. е предупреден.СЕ НАВРШИЈА ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Граѓани вечерва се собраа на плоштадот во Скопје, со цел да им оддадат почит на жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава.
Се навршија шест месеци од пожарот. Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, најавија дека вечерва на плоштадот ќе биде поставено сандаче за писма, во кое секој може да остави порака за семејствата на жртвите. Пораките, со кои на семејствата треба да им се покаже дека не се сами во својата тага, идната недела ќе бидат однесени во Кочани.
И во Кочани денеска имаше марш во чест на загинатите.
МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА ПОДМЕТНУВАЊЕТО НА ПОЖАРИ ДА СЕ ОКВАЛИФИКУВА КАКО ТЕРОРИЗАМПремиерот Христијан Мицкоски предлага подметнувањето на пожарите да се оквалификува како тероризам, а за правење на диви депонии казната да биде и над 5 години.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
