Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДОСЕГА ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ ВО ЖЕЛЕЗАРА

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја информираше јавноста дека е приведено уште едно лице за убиството со девет убоди со нож на матичниот лекар Ацо Трпковски.

- Согласно моите информации, приведено е уште едно лице и сега се три. Претресот е завршен во доцните вечерни часови. Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба. Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста, рече Тошковски при посетата во Струмица.

Синоќа Тошковски во емисија кажа дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. 

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ВРАТИ ПАРИ ПОТРОШЕНИ ЗА ИЗМАМИ СО„ ЕРАЗМУС ПЛУС“

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнатото информативно писмо од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно решение за извршување на 2,2 милиони евра.

Известување од европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ со барање за поврат на 2,2 милиони евра од националната образовна агенција, наводно злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“,пристигнало на крајот од минатата година.

БИТИЌИ ВЕЛИ ДЕКА СО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ ЌЕ ИМАМЕ ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.300 ЕВРА

Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

Тој во интервју за „Слободен печат“, рече дека во програмата е предвидено во 2028 година просечната плата да изнесува 1.100 евра и таа ќе се зголеми за дополнителни 200 евра во првата година од влезот на државата во ЕУ, односно ќе биде 1.300 евра.

„Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34.000 денари. Таа денес е 40.000, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие“, вели Битиќи. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Околу 1.050 евра е просечната месечна нето плата што ја делел лани регулаторот на телекомуникациските оператори во земјата за своите 140 вработени.

Годината е добитна, ама претходната била подобра. Вака накусо може да се опише билансот на успех кој ко објави „Европа“ вчера преку Македонската берза, а во кој се презентирани резултатите од работењето за 2023 година.

Една од најголемите скопски компании за изнајмување на деловен и недвижен имот се враќа на пазарната позиција на која ја паметиме пред десетина години. Со нови сопственици и управа „Скопски пазар“ очекува да направи приходи поголеми од 10 милиони евра и профит што ќе надмине 6 милиони евра

Се намали интересот за професионално доусовршување и специјализација. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на минатата година помал број на граѓани се стекнале со титулата магистер на наука, доктор на наука, а има намалување и кај специјалистите.

Младите луѓе откако ќе се вработат се соочуваат со предизвикот како да се истакнат на работното место и да се издвојат од конкуренцијата.

Слично

Поврзани вести