ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено e уште едно лице за нападот во М-НАВ
ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА НАПАДОТ ВО М-НАВ
Полицијата уапси уште едно лице вмешано во упадот во контролата на летање. За него, се чека одлука каква мерка ќе биде определена.
Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.ЛИЧНИТЕ КАРТИ ЌЕ ВАЖАТ И ПО РОКОТ ЗА ЗАМЕНА
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните документи, како што се личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции.
Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните документи, Ковачевски рече дека секоја иницијатива може да биде разгледана и дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.
САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАПАДНАА ЦЕЛИ НА ХУТИТЕ
Американските и британските сили започнаа воздушни напади врз бунтовниците Хути во Јемен вчера вечерта. На снимката објавена утрово на мрежата Икс (Твитер) може да се види моментот кога авионите на американската армија полетуваат кон Јемен. Ракети биле истрелани и од подморници кон нивните позициие.
Британија и САД: Цел на нападот биле беспилотните летала Хути
Британскиот премиер Риши Сунак рече дека војската извршила целни напади врз воени објекти што ги користеле Хутите, потсетувајќи дека тие со месеци го напаѓале трговскиот брод во Црвеното Море, заканувајќи се на ОК и други меѓународни бродови, предизвикувајќи големо нарушување на витално значење. трговски пат и зголемување на цените на стоките“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
