Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е едно лице за дојавите за бомби, а Софијанова и Васев си дадоа оставки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е едно лице за дојавите за бомби, а Софијанова и Васев си дадоа оставки

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ

Приведено e едно лице во врска со заканите за бомби во училишта во Скопје, соопшти полицијата. 

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (02.11.2022) го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. 

„Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од полицијата. 

СОФИЈАНОВА И ВАСЕВ СИ ДАДОА ОСТАВКИ

Од Министерството за здравство соопштија дека по барање на министерот за здравство, Беким Сали денеска се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. 

По назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана. 

Mинистерот за здравство, д-р Беким Сали денес го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, соопштија од Министерството за здравство. 

МНР ЌЕ РЕАГИРА ОТКАКО БУГАРСКИ ПРАТЕНИК ИСКАЖА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ

Maкедонското Министерство за надворешни работи(МНР) ќе реагира со протестна нота до бугарското МНР по изјавите на пратеникот Костадин Костадинов, кој кажа дека Македонија била бугарска. 

МНР очекува надлежните инситуции и политички претставници во Бугарија да го осудат овој говор на омраза кој неспорно содржи и територијални претензии.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Украина ги забрани руските книги. Државниот Универзитетот во Милано – Биока забранил неколку предавања за рускиот великан Фјодор Михајлович Достоевски поради руската инвазија на Украина.

Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидува со измените на Законот за земјоделско земјиште, кои се во завршна процедура. Како што може да се види на платформата ЕНЕР, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште веќе е изработен.

Српската градежна компанија за изградба на патишта и автопати Бард - Коп Доо од Белград стана четврт најголем сопственик на акции во храдежниот гигант „Гранит“. Ова е последната информација што е објавена од страна на Централниот депозитар на хартии од вредност по интензивните тргувања со акциите на „Гранит“ во изминатиот период.

Градежната компанија „Гранит“ ги потврди информациите кои уште утрово ги објави Фактор, а тоа е дека во компанијата има нов акционер кој поседува над 5 отсто од капиталот, кој доаѓа на местото на Сава пензиски фонд, кои одлучија да го продадат својот пакет од 7,5 отсто од акциите. 

На скопјани во овие топли денови можеби и не им треба многу парно, но така нема да биде веќе за неколку дена, за кога метеоролозите предвидуваат нагло симнување на надворешните температури. 

Слично

Поврзани вести