ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени се полицајци за пожарот во Кочани
НОВИ АПСЕЊА ПОВРЗАНИ СО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ
Нови апсења денеска имало во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени на 16 март годинава.
Според неофицијални информации, приведени се 13 лица, а меѓу нив се најдоа и началници и полициски службеници кои вечерта кога се случи трагедијата биле на работа. Повеќе детали се очекуваат утре. Семејствата на жртвите протестираа во Скопје и Кочани и бараат правда за случајот.
ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ГО ИЗГЛАСАА ПРЕДЛОГОТ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАНе помина предлогот на пратеничката Моника Зајкова од ЛДП да се смени изборниот модел, така што Македонија ќе биде една изборна единица и ќе се гласа отворени листа. Предлогот-измените на Изборниот законик, добија поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.
„Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, рече Зајкова во образложение на законските измени.
Зајкова кажа дека демократијата ќе се унапреди ако постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.ЕДЕН ПАТНИК ЈА ПРЕЖИВЕА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА
Eден човек ја преживеа авионската несреќа во Индија.
„Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа“, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
