Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени четири лица поврзани со тероризам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени четири лица поврзани со тероризам

РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА

Полицијата утрово уапси четири лица во Струга и Гостивар, и тие се осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција. Постапено е, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и полицијата поднела кривична пријава.

БОКИ 13 СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

Јутуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста за наградната игра што ја реализираа со Бојан Јовановски-Боки 13. 

„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени“, напиша јутуберот.

Бојан Јовановски-Боки 13, се повлекува од појавување во јавност со Стефан Лазаров на најавените настани за „Гивавеј“, со Стефан Лазаров.

ВАНДАЛИЗАМ ВО КАПИШТЕЦ

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот.

Во истата иницијатива бараат од ЗЕЛС да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.

СИНОТ НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ Е ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА

По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна телевизија А1. 

Рамковски бил екстрадиран уште во јули. Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка за „Слободен печат“ потврди дека Рамковски е во затвор и дека уште е во тек повторениот судски процес за него.

Слично

Поврзани вести