ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсена е директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени
ТРИ ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ ЗА КРИЗАТА СО ВОДАТА ВО ГОСТИВАР
По бројните објави од медиумите, стигна потврда од Министерство за внатрешни работи кое преку социјалните мрежи објави дека се уапсени три лица во врска со загадувањето на водата во Гостивар.
Согласно иницијалите и референците кои ги сподели МВР, меѓу уапсените е и директорката на јавното претпријатие Комуналец.
- Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.
Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар.ВЛАДАТА ЈА НАМАЛУВА АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВАТА
Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана
Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во справувањето со последиците од кризата на Блискиот Исток.
„Внимателно ја следиме состојбата и реагираме навремено, со цел да ги заштитиме стопанството и животниот стандард на граѓаните“, наведе министерката во објавата.Горивата поскапуваат од полноќ. Дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари.
НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛЧЕВО И ВО КУМАНОВО
Силно невреме со обилни врнежи од дожд и ветер денеска попладне предизвика сериозни материјални штети на повеќе локации низ Делчево. Најкритична е состојбата со покрив на еден објект кој бил речиси целосно откорнат и оштетен, каде што екипите веќе интензивно работат на итна санација.
Сите надлежни локални и комунални служби, заедно со противпожарните единици, се на терен и деноноќно работат на расчистување на последиците, отстранување на паднатите гранки и нормализирање на состојбите.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, преку социјалните мрежи упати итен апел до сите жители на градот за максимална претпазливост:
„Ги повикувам сите граѓани кои немаат итна и неодложна потреба, да не се движат на отворено сѐ додека ситуацијата предизвикана од големото невреме целосно не се стабилизира и не се расчистат опасните површини“, порача Гоцевски.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
