Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен e поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен e поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ

Обвинителството за гонење на организиран криминал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси, а во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓорѓиоски, како поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Заедно со него е приведена и Олгица Младеновска, задолжена за финансиии за време на неговиот мандат, како и уште десетина други лица, кои се сомничат за финансиски малверзации со кои бил оштетен буџетот на Куќата на фудбалот.

ИМА ПОРАСТ НА ВРСНИЧКОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на настан во Владата истакна дека податоците со кои располага МВР укажуваат на сериозен раст и на семејното и на врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во домот претставува еден од најзначајните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај децата и младите.

„Во периодот од 1 јануари до 28 мај оваа година се регистрирани 768 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 460 во истиот период минатата година, што претставува зголемување од 67 проценти. Само во првите две недели од јуни регистрирани се уште 89 нови кривични дела од оваа област“, истакна министерот Тошковски.

РУМЕН РАДЕВ НЕ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО МИЦКОСКИ

На прашање за коментар во врска со палењето на двата дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје и дали има протор за средба со македонскиот премиер Христојан Мицкоски, премиерот на Бугарија, Румен Радев, беше дециден дека тоа е невозможно.

Тој беше категоричен дека во оваа фаза не гледа потреба да се сретне со премиерот на Северна Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Продавачи, угостителски работник, општ работник, келнер, столар, програмер, хигиеничар, административен службеник, општ работник... Ова се мал дел од дејностите за кои во овој период има активни огласи за вработување објавени на веб страната на Агенцијата за вработување.

Податоците на Евростат покажуваат дека во Македонија мал процент од работниците работат од дома. Само 1.9 отсто од луѓето кај нас работат на ваков начин.

Долгот на државата кај ПроКредит банка за една година се зголемил за повеќе од една милијарда денари. Ова го покажува извештајот на деловната банка која, според вкупната актива, е шестта најголема банка во земјата.

Извештајот за напредокот на Македонија кој го предложи известувачот во Европскиот парламент Томас Вајц, а го одобри мнозинството од европските парламентарци, испорача уште една директна или сурова порака кон Македонија, прифаќајќи ги контроверзните амандмани на Бугарија и европратениците кои се скептични околу проширувањето на ЕУ.

Слично

Поврзани вести