ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен Папазов и неговите претходници
УАПСЕН Е ЉУПЧО ПАПАЗОВ И НЕГОВИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ
Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, потврдуваат од МВР за Курир.
Од Обвинителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”.
„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО.ПОГРЕБАНИ ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.
Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани... На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.ПОВРЕДЕНИ ПРЕФРЛЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА И ШПАНИЈА
Седум повредени од пожарот во Кочани се транспортирани во Шпанија.
Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ