Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tурција му определи 40 дена екстрадициски притвор на Љупчо Палевски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tурција му определи 40 дена екстрадициски притвор на Љупчо Палевски

ПАЛЕВСКИ ВО ПРИТВОР ВО ТУРЦИЈА

Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, соопштија од Министерството за правда. 

Палевски е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Тој избега од Македонија, а турската полиција го уапси во градот Баликесир. 

Екс премиерот Љупчо Георгиевски се огласи за главниот осомничен за двете убиства Љупчо Палевски Палчо. Вели дека добро го познава.

И турските медиуми започнаа да известуваат за двојното убиство на Љупчо Палевски - Палчо, откако беше уапсен во Баликесир, а во моментов турската полиција испитува кои се неговите контакти во таа земја и зошто решил таму да се крие.

Медиумите досега информираа дека осомничените за организирање и помагање за убиството на Вања се затворени во посебни ќелии, а кога останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. 

СПАСОВСКИ ДЕНЕСКА НЕ СПОДЕЛИ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, НОВИНАРИТЕ ГИ УПАТИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одлучи да не споделува информации пред јавноста во врска со убиството на ученичката Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и ги упати новинарите со своите прашања кај Основното јавно обвинителство.

„Кога е во истрага случајот, сите шпекулации може само да наштетат. Сите детали и информации кои ќе ги уврди Обвинителството за тоа  ќе ја информира јавноста. Сите информации од МВР до ЈО ќе бидат доставени“, беа одговорите кои Спасовски ги одговараше пред новинарите.

НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА ОРГАНИЗАЦИСКИ И МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОРИ

Укинувањето на организациските директорот и реорганизациајта на Кличничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе остане да се спроведува по изборите во мај, објавија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити. Во одговор на новинарско прашање Ковачевски посочи дека процесот е почнат одамна, но биле спречени да го завршат поради, како што рече, повеќето кризи и предизвици.

- Скоро четири години сме прво во ковид криза, енергетска криза, економска криза, меѓутоа првиот момент кога капацитетите на медицинскиот кадар и кога капацитетите на Министерството за здравство влегоа во понормални води, министерот веднаш поднесе информација што едногласно беше усвоена во Владата. Повторно спојување за да имаме еден клинички центар во којшто ќе се знае одговорноста, обврските и надлежностите, низ една хиерархија којашто ќе биде договорена низ процесот на имплементација на оваа информација и соодветните заклучоци коишто се донесени - рече Ковачевски, на новинарско прашање по промоцијата на нова апаратура во Македонската академија на науките и уметностите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема одмор за земјоделците во струмичко кои произведуваат раноградинарски култури. За нив и зимата е работна. Пред и по Нова година тие имаат обврски во полињата.

Во разговор за Фактор, проф. д-р Алексеј Дума, експерт по судска медицина, деонтологија и криминалистика, посочува дека она што во овој момент е најважно е да не се врши никаков притисок врз вештаците.

Акционерите на Мермерен комбинат од Прилеп имаат причина и тоа како да бидат среќни, бидејќи на нивните конта ќе легне вкупна сума од 19 милиони евра во форма на дивиденда.

Дали Буџетот за идната година е реален или необјективен како што обвинува опозицијата, дали станува збор за мегаломанско и предизборно проектирање на расходите, или за оговорно справување на Владата со големиот број предизвици, во исто време водејќи грижа за стопанството и граѓаните, на која основа се проектирани капиталните расходи, од каде ќе се обезбедат средствата за целиот сет од 26 мерки кои Владата ги најави, има ли мерки за даночната евазија, како и дали успешно власта се справи со високата инфлација и какви се очекувања за следниот период, во интервју за Фактор открива министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Копањето крипто валути е еден од најпопуларните начини за брза и лесна заработка иако многумина не видоа аир од тие активности.

Измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка влегоа во Собранието, со што продолжува легализацијата на дивоградбите, но наместо како претходно за едно веро по метар квадратен,  тоа ќе може да се направи со плаќање на основната комуналија, која ќе биде поскапа за 50, односно 100 отсто.


Слично

Поврзани вести