ФАКТОР НА ДЕНОТ: Турција дала рок за екстрадицијата на Палевски
ТУРЦИЈА ДАЛА РОК ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧО
Рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција до Македонија веќе е доставен, но министерот за правда на Македонија, Кренар Лога одби да го соопшти пред медиумите.
Тој истакна дека при официјалната посета на Турција им било соопштено дека судскиот дел во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо кај нив е завршен и останува само административниот дел. Според нивните правила, мора прво таму да се потпише од страна на нивното Министерство за внатрешни работи, па после до министерот за правда, појасни Лога.
Во изјава за медиуми по отворањето на денешната меѓународна конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мисла и слободата на јавно изразување на мислата“ министерот Лога информираше дека според зборовите на неговиот колега, министерот за правда од Турција, очекува дека екстрадицијата би била за брзо време.ПРИЕМ ВО ГРАДИНКИ НА ДЕЦА КОИ ПРИМИЛЕ ТРИ ДОЗИ ДИТЕПЕР
Донесена е одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци.
„Министерството за здравство информира дека министерот за здравство д-р Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан на 14.03.2024 година, донесе одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Северна Македонија, на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија. Одлуката денеска стапува на сила, а од понеделник ќе се применува.
Исто така, информираме дека ДиТеПер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови“, велат од Министерството за здравство.ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПРИФАЌА ФРЛЕНАТА РАКАВИЦА ОД БЕКТЕШИ
ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица на министерот за економија, Крешник Бектеши од ДУИ кој денеска предложи партиите кои ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката. За ова информираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Но, Николоски рече дека изјавата на Бектеши отвора дилеми.
„Дали тоа значи дека Крешник на Али Ахмети му подготвува свилен гајтан? А можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е, секако, да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе се сели таму откаде што е Бектеши, во Кичево“, рече Николоски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
