ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tруење со храна се случи во „Димо Хаџи Димов“, меѓу децата е и синот на премиерот
ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ИМАШЕ ВО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“
Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК, Марија Митева, портпаролката на Владата.
Тој и соучениците се чувствуват подобро.
„Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште“, изјави Митева.ТРИ КАНДИДАТИ СЕ ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА СУДОТ ВО СТРАЗБУР
Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска се предложени за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП).
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа и тој ќе даде конечна оценка.СУДОТ ГИ ПРИФАТИ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ МЕРКИ ЗА ТРАЈАН ДИМКОВСКИ И ДРУГИТЕ ОСОМНИЧЕНИ
Судија на претходна постапка ги прифати предложените мерки за претпазливост,вклучувајќи одземање патна исправа, на Обвинителството и за поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски и другите осомничени кои вчера беа приведени од полицијата.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
