Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тројца полицајци добија условни за „Пулс“, родителите на загинатите се незадоволни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тројца полицајци добија условни за „Пулс“, родителите на загинатите се незадоволни

ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ДОБИЈА УСЛОВНИ ЗА „ПУЛС“

Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба сите тројцата полицајци од Кочани и на Кире Богатинов и Горан Лазаров им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков - условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во период од четири години не стори ново кривично дело. 

На објавата на првостепената пресуда во Кривичниот суд денеска не присуствуваше ниту еден од обвинетите и нивните бранители. 

Судијката Лидија Петровска, во образложението на пресудата рече дека Судот ги ценел како олеснителни околности, тоа што обвинетите не се осудувани претходно, се семејни луѓе, како и тоа што нивните дејствија не резултирале со непосредни штетни последици што би можеле да се доведат во директна причинско-последична врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. 

РОДИТЕЛИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД „ПУЛС“ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ се јавија со реакција по пресудата за полицајците. 

Велат дека за злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени.

„Закон vs реалност: Законот предвидува затвор (6 месеци до 3 години, до 5 години, или најмалку 3 години – во пракса до 10 години), а во конкретниот случај, и покрај утврдената вина, изречена е условна казна, без ефективен затвор. Овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на одговорноста и јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти. Ова не е правда. Ова е формалност. Очекуваме повисоките судови да ја преиспитаат пресудата и да обезбедат одговорност што ќе биде во согласност со тежината на последиците. 

Нема да молчиме и нема да прифатиме ваква „правда“. Бараме одговорност без компромис – за сите што со своето постапување или непостапување придонеле до вакви последици. Без тоа – правдата останува само збор“, се вели во соопштението. 

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ДОБИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА КОИ МАЛТРЕТИРАА ДЕВОЈЧЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

МВР објави дека се поднесени кривични пријави против родителите на малолетничките што нападнаа девојче во Ѓорче Петров

- Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров, објави полицијата.

СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик, 5 Мај, кажа дека македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на историскиот континуитет и носител на културното и духовното наследство на македонскиот народ. 

„Тој е огледало на генерации Македонци низ вековите, преку него се изразува народниот дух, а со неговото опстојување се потврдува нашето постоење. Тој е прекрасниот инструмент за изразување љубов и идеи, создавање уметнички и научни творби, вредни дела и вечни вредности“, вели претседателката.

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон на граѓаните им го честиташе Денот на македонскиот јазик и порача дека јазикот му е дел од секојдневната комуникација.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се смета дека ако секој ден одвојуваме барем по 15 минути за учење на нови вештини, во иднина тоа ќе ни помогне за кариерниот развој. 

Странскиот инвеститор од напредната автомобилска индустрија Костал ја оствари најголемата добивка во Охрид за 2025 со 7,6 милиони евра, според податоците кои „Фактор“ ги обезбеди од Централниот регистар.

Измамници повторно се обидуваат да изнудат од македонските граѓани средства преку лажни пораки за сторен сообраќаен прекршок преку системот Сејф сити на Министерството за внатрешни работи.

Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на бизнисменот Зоранчо Митровски има добивка од 6,27 милиони евра за минатата година.

Во интервју за Фактор, Таневски зборува за својот пат од Македонија до Германија, за студиите, за првата шанса во Мерцедес-Бенз, за моделите на кои е особено горд, како и за тоа како денес изгледа процесот на создавање автомобил.

Слично

Поврзани вести