ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тројца пациенти ќе имаат увид што работи Обвинителството за Онкологија, се одржа и нов протест
ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ЌЕ ИМААТ УВИД ШТО РАБОТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА
Обвинителството се огласи за Онкологија. Најавува дека ќе се изберат тројца пациенти кои ќе имаат увид во целата постапка, со што ќе се зголеми транспарентноста.
„Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката.
Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.ПЕРО АНТИЌ МУ ПОДАРИ ПАТИКИ НА ВУЧИЌ
Српскиот претседател Александар Вучиќ кој денеска е гостин во Македонија на состанокот на процесот Брдо Бриони, денеска имал средба и со познатиот кошаркар Перо Антиќ, кој, пак, му подарил патики.
Вучиќ на инстаграм објави од средбата со Антиќ.
„Со легендата на српската и македонската кошарка Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“.РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО МАРОКО
Расте „црниот“ биланс во Мароко по земјотресот кој ја погоди земјата во петокот.
Сега има над 2.600 жртви. Спасувачките екипи деноноќно работат на пронаоѓање евентуални преживеани под урнатините. Во земјата е прогласена тридневна национална жалост.
Особено е критично во ридската дивина на планинскиот масив Атлас, југоисточно од градот Маракеш. Во модерните градски населби, зградите направени од стакло и бетон, преживеаја силен потрес од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Но, таму каде што дното е направено од кал и камења, не е така. Во провинцијата Ал Хауз, каде беше епицентарот, ситуацијата е апокалиптична.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во минатото повремено се говореше за тоа дали омиленото јадење на Македонците, ајварот е канцероген.
