ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трифонов бара враќање на ветото за Македонија, а Милков вели тоа не е решение
БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗБОРУВААТ ЗА ВЕТО
Ветото не е решение, а повлекувањето на амбасадорот е симболика, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков.
Вели дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, ќе остане во Софија на консултации. Милков за БНТ, изјави дека амбасадорот помага во утврдувањето на фактичката состојба со настаните во Македонија.
„Јас не сум приврзаник за вето, тоа е точниот збор. Секогаш сум сметал дека ветото е како атомското оружје, тоа не треба да се користи, туку да поттикне страните да седнат на маса и да си ги решат проблемите“, кажа Милков.Претседателот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов сака да се врати ветото за Македонија.
Вели дека Македонците требало да ги слушаат нив, а ветото е клучна алатка. Објаснува дека екс бугарскиот премиер Кирил Петков се криел зад парламентот, а прашањето за Македонија е една од главните причини зошто Петков сега не е премиер.
„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.ТЕНЗИЧНО РОЧИШТЕ ЗА ЛАСКАРЦИ
ПАЛЕ ИЛОВСКА ОСТАНУВА НА СЛОБОДА
Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел.
Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.РУСКИ ПРОПАГАНДИСТ ПОВИКА РУСИЈА ДА ЈА НАПАДНЕ ГЕРМАНИЈА
Рускиот новинар Владимир Соловјов го повика Кремљ да одговори со бомбардирање на Германија, затоа што оваа земја ќе прати тенкови на Украина.
Toj изјави дека народот на Германија мора да знае „какви нови нацистички лидери создадоа и доведоа на власт“. Соловјов ги нарече Германците „европски нацистички ѓубриња“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
