ФАКТОР НА ДЕНОТ: Три лица истепале Бугарин во Охрид, Бугарија се заканува со вето
ТРИ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ БУГАРИН ВО ОХРИД
Обвинителството излезе со детали за тепачката во Охрид, во која е повредено младо момче кое е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
Отворена е истрага против охриѓанец за нанесување тешка телесна повреда.
„Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – “не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, велат од ОЈО.
Осуда за настанот стигна од македонските и бугарските власти.
БУГАРИЈА СЕ ЗАКАНУВА СО ВЕТОВршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков вели дека позицијата на Бугарија во однос на интеграцијата на Северна Македонија е јасна од самиот почеток.
Вели дека Христијан Пендиков во Охрид бил жртва на злосторство од омраза. Според него, ова е не бугарска, туку европска провокација.РЕАКЦИИ ПО НАПАДОТ
Бугарин упати закани кон Македонците.
„Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката“, се заканува Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија, откако три лица во Охрид го истепаа Христијан Пендиков.
Напаѓачите ги нарече шовинисти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
