Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Три лекови против згрутчување на крвта се ставени на Позитивната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Три лекови против згрутчување на крвта се ставени на Позитивната листа

ТРИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА СЕ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Посочи дека два антикоагулантни први биле достапни со рефундација, а од сега па натаму ќе бидат достапни на позитивна листа со рецепт.

МАРТА КОС ПОРАЧА ДЕКА НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА КАНДИДАТ НЕ ДОБИЛА ГАРАНЦИИ

Eврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за МИА изјави дека ниту една земја кандидат за членство во Европската Унија(ЕУ) досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции дека во текот на преговарачкиот процес нема да се појави нов билатерален спор. 

Во пресрет на нејзината утрешна официјална посета на Македонија, таа јасно стави до знаење дека спроведувањето на преземените обврски и внесувањето на Бугарите во Уставот остануваат единствениот пат за продолжување на евроинтеграциите. 

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Во Основниот суд во Куманово во четврток започнува судскиот процес по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за четири убиства на жени, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.

„Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор“, објави Обвинителството.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Издавањето сместувачки капацитети преку booking нуди предности и привлекува гости од многу земји, но оние кои веќе се присутни на платформата велат дека има и недостатоци, затоа што се случува гостите да резервираат сместување, а да не дојдат или да оставаат негативни коментари, со што се уништува репутацијата на објектот.

Државните институции постојано се во потрага по нови кандидати за работа во некоја од институциите. Огласи со кои се бараат работници за некои од министерствата постојано има на веб страната на Агенцијата за администрација, а меѓу последните министерства кои бараат работници се Министерството за образование и наука, потоа за дигитална трансформација, но и за енергетика.

Освен директната продажба на крајни потрошувачи преку бензински пумпи, во Македонија се прават големи добивки и од бизнисот на големо со горива. Главно овие компании имаат свои резервоари од каде потоа горивото им го продаваат директно на големи компании-потрошувачи, на трговците на мало или преку тендери за државните институции.

Дигиталното евро веќе не е далечна идеја, туку проект што Европската централна банка го подготвува како нов начин на плаќање во еврозоната.

Македонските власти конечно, по долготрајно оперирање на бројни портали, страници и профили на социјалните мрежи кои ширење антимакедонска пропаганда и беа дел од хибридното војување со лажни вести, негаторски наративи и поттикнување поделби во општеството, покренаа истрага.

Слично

Поврзани вести