ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрговците загрижени од мерките на Владата бараат нова средба
ТРГОВЦИТЕ БАРААТ НОВА СРЕДБА ВО ВЛАДАТА
Новоформираната комора на трговци претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун денеска преку соопштение изразува несогласувањето со вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, за намалување на бруто маржите на 5,10 и 50 отсто,како и замрзнување на цените на некои продукти.
Иако веќе имаше средби во Владата во текот на минатата недела, дд таму бараат нов итен состанок со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки и да ги земат предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност.
АГЕЛЕР ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА ГО ГАРАНТИРААТ ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
Сепак, таа рече дека силната поддршка останува.
„Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер на примопредавање на мобилно оперативно возило на Црвен крст.УКРАИНА РЕАГИРА НА ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП
Украина реагира по жестоката критика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Украинскиот шеф на дипломатијата, Андриј Сибиха изјави дека никој не може да ја натера неговата земја да се откаже од своите права, откако Трамп ја критикуваше Украина и нејзиниот претседател.
„Ќе го браниме нашето право да постоиме“, напиша Сибиха на платформата „Икс“.ЧИТАЈТЕ ТУКА
Сума од 104 илјади евра беше платена на Берзата за 220 акции на Комерцијална банка.
foto freepik.com
