Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца

ТРЕНДАФИЛОВ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА СТОЈАНОСКА КОЈА ОБЈАВИ СНИМКА СО НЕГОВИТЕ ДЕЦА

Раководството на Сојуз на синдикати на Македонија на денешната прес-конференција обелодени дека утре во 12 часот ќе започнат со блокадата на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, а лидерот Слободан Трендафилов рече дека пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ ,Дафина Стојановска, била таа која со мобилен телефон му ги снимила двете деца и побара нејзино разрешување.

Трендафилов најави и голем работнички протест со организиран превоз од сите градови и кој ќе биде организиран во неработен ден, пред да го организираат генералниот штрајк во јавниот и приватниот сектор.

Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца, како и одземање на пратеничкиот имунитет на Дафина Стојановска, која го објави видеото од децата на претседателот на ССМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов одбрал со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва. 

БУБЕВСКИ РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВИТЕ НА КАДРИУ

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски најостро ги демантираше, како што вели, „клеветите и измислените наводи“ изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, емитувано на 7 февруари 2026 година.

Во писмена реакција, Бубевски наведува дека изјавите што се однесуваат на неговото постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и имаат за цел да му наштетат на личниот и професионалниот углед.

„Наводите кои се однесуваат на моето постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на мојот личен и професионалниот углед“, наведува Бубевски.

ИМА НОВИ ПРАВИЛА ЗА АЗИЛ ВО ЕУ

Од јуни почнува да важи нова миграциска политика на Европската Унија(ЕУ). Пратениците во Европскиот парламент го прифатија предлогот за воведување на список на таканаречени „безбедни“ земји, односно забрзување на процедурите за потешко добивање на азил за жителите на тие држави.

Бангладеш, Колумбија, Египет, Косово, Индија, Мароко и Тунис се на листата на безбедни земји на потекло, која редовно ќе се ревидира. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се бараат кандидати кои би сакале да работат рамо до рамо со гувернерот Трајко Славески, поточно во Народната банка на Република Македонија. Согласно нивниот последен оглас, и објавата на платите, кои со сигурност ќе го привлечат вниманието на многумина, се бараат кандидати за две позиции.

Илјадници работници секоја година го напуштаат работното место поради лошите услови или неисплатените плати. Дека имаме ваква состојба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Гласноговорничката на Општина Штип била директорка на фирма која потоа станала конзорциум на компании на странци за изградба на фотоцентрали и за произвдство на електрична енергија во земјатa.

Слично

Поврзани вести