Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трансферот е направен, вработените во ЈСП утре ќе добијат плата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трансферот е направен, вработените во ЈСП утре ќе добијат плата

РЕШЕН Е ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП

„Работниците и синдикалците со своето единство непотпаѓајќи под политичките притисоци, денеска од 04.30 утринава покажаа дека само заедно можат да се изборат за нивните работнички права“, соопшти ССМ.

Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.

МНР ЈА ОСУДИ ЗАБРАНАТА ЗА ОТВОРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД

Министерството за надворешни работи ја осуди содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград со која практично беше забрането отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ инаку закажано за 30 октомври. Никола Вапцаров беше означен како „Македонист“.

„Во врска со Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ.

БУГАРИН Е УАПСЕН КАЈ КЛУБОТ ЦАР БОРИС ТРЕТИ ВО ОХРИД СО ДВА НОЖА

МВР објави дека бугарски државјанин кој поседувал два ножа е уапсен во близина на неодамна отворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„На 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Конечно се дозна зошто нафтениот трговец „Пуцко Петрол“ регистрираше подружница во скопската населба Кисела Вода, која треба да работи во форма на складиште на големо, а за која компанијата своевремено кога се изврши регистрацијата, не сакаше да дава премногу детали за јавноста.

Студентите од Факултетот за бизнис економија денеска повторно прават силни напори за враќање на професорите на работните места откако пред самиот старт на новата академска година директорката Жанина Кировска ги оотпушти сите и остана единствената вработена во оваа високообразовна институција. А таа самата е претходно разрешена.

Од тоа што ќе одлучи Германија за понудата од Кина за откуп на дел од акциите во пристаништето во Хамбург во голема мерка ќе зависи економската иднина на нашиот континент низ призмата на мега проектот Новиот пат на свилата и создавање на економскиот џин Евроазија

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод - ГА-МА и Булгартрансгаз, кои се во стоотстотна државна сопственост постигнаа нацрт-договор за меѓусистемско поврзување. Ова го објави Булгартрансгаз на својата веб-страница, при тоа објавувајќи го и решението, кое како што дознава „Фактор“, треба да се потпише околу 1 ноември.

Секој бегалец од Украина има различна приказна како се прилагодува во нова работна средина, во туѓа земја, каде мора да учи или да усовршува странски јазик.

Пекарските производи со вртоглав раст. Доручекот станува луксуз во Македонија по постојаниот раст на цените на пекарските производи кои од ден во ден имаат поголема „тежина“. Иако инфлацијата ги погаѓа голем дел од производите, и се одрази драстично врз цените во малопродажба, се забележува дека голем дел од пекарските производи се продаваат по двојно, но и тројно зголемени цени. 

Слично

Поврзани вести