ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трајко Бојковски од Старо Нагоричане се товари за четири убиства на жени
ТРАЈКО БОЈКОВСКИ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ СЕ ТОВАРИ ЗА УБИСТВО НА ЧЕТИРИ ЖЕНИ
Трајко Бојковски (25) од селото Малотино, Старо Нагоричане ќе се гони за уште две убиства, или вкупно четири, информираа денеска од Основното јавно обвинителство. Исто така тој ќе се гони и за два обиди за убиства.
Со тоа, се товари за вкупно 6 кривични дела. На денешниот брифинг со новинарите од обвинителството кажаа дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид. Сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.
ДВЕ ЛИЦА ОД КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ДОБИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ СО СЕРИСКИОТ УБИЕЦМВР објави дека до Јавното обвинителство во Куманово поднело кривични пријави за мртвопроверителите од болницата во Куманово кои претходно пропуштиле да утврдат насиулна смрт кај двете жени од Старо Нагоричане кои ги уби Трајко Бојковски (25) од кумановско.
ФЕМИЦИД СЕ СЛУЧИ ВО БИТОЛА
Обвинителството отвори истрага за убиство при семејно насилство во Битола.
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
„Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала“, велат од ОЈО.СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ДАДЕ КОМЕНТАР ЗА РАЗГОВОРОТ МЕЃУ МИЦКОСКИ И САВЕСКИ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска даде кус коментар за телефонскиот разговор на премиерот Христијан Мицкоски и државниот обвинител Ненад Савески.
„Не можам да судам бидејќи не знам за што зборувале. За ова треба да ги прашате обајцата“, изјави претседателката.
Вели дека можеби се пријатели, па се слушнале.
Дури и кога се работи за прислушувани разговори, вели претседателката, никаде и никогаш не се објавува она што е од лична природа, туку само она што се однесува на работата што ја вршат функционерите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
