Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрајко Бојковски негира вина за сериските убиства, а обвинителството ќе докажува дека мотивот е некрофилија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрајко Бојковски негира вина за сериските убиства, а обвинителството ќе докажува дека мотивот е некрофилија

ТРАЈКО БОЈКОВСКИ НЕГИРА ВИНА ЗА СЕРИСКИТЕ УБИСТВА

Почна судењето за сериските убиства во Старо Нагоричане, за кои е обвинет Трајче Бојковски, а јавниот обвинител Љубомир Лапе изјави дека ваков случај не памети судската пракса во Македонија, ни во поранешна Југославија. 

Обвинителството тврди дека доминантниот мотив за делата бил некрофилија, што според Лапе го прави предметот без преседан во регионалната судска практика.

Судењето почна во Основниот суд Куманово, каде обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен. На почетокот на рочиштето тој не одговарал веднаш на прашањата на судот, гледал кон таванот и испуштал неконтролирани звуци, по што била дадена пауза. Подоцна расправата продолжила.

Во воведното излагање, обвинителот Лапе рече дека Обвинителството ќе докажува случај каков што, според него, немало во аналите на југословенската и македонската судска практика. Тој најави дека вината и мотивот ќе се докажуваат преку записници од увидите, ексхумации, обдукциски наоди, ДНК анализи, судско психијатриско вештачење и сведочења на жените што ги преживеале нападите.

АЛБАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ КАКОВ ПРОБЛЕМ НАСТАНАЛ НА „ЌАФАСАН“

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан”, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки.

За случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се појавиле четворица граѓани, од кои тројца имале дипломатски пасоши.

„Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека можат да го продолжат своето патување. Другото лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија“, рече тој.

ССМ ВЕЛИ ДЕКА Е ПОТРЕБНО ПРЕДВРЕМЕНО ПЕНЗИОНИРАЊЕ, А НЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВОЗРАСТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од отворањето на дискусија за зголемување на пензискиот стаж за остварување на правото на старосна пензија, а особено тоа што во јавноста се спомнува некаква можност за пензионирање на 72 години, се вели во нивната објава на социјалните мрежи.

„И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се работниците, а на штета на работниците, а напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд и таквите мерки на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата на 30 јуни донела „Одлука за донесување на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште со намена Е1.13 - површински соларни и фотоволтаични електрани над 10 MW“ на катастарски парцели во Неготино кои и припаѓаат на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија.

Покрај маркетите, важна улога во формирањето на крајната цена на храната и пијалаците имаат и дистрибутерите. Тие се алката меѓу увозот, производителите, магацините и полиците во продавниците, а токму кај дел од нив во 2025 година се гледаат милионски добивки.

Гасната инфраструктура во Северна Македонија влегува во една од најважните фази на развој во последните децении. Паралелно се реализира интерконекторот со Грција, се подготвува интерконекцијата со Србија, а НОМАГАС работи и на модернизација и проширување на националниот гасопреносен систем. За значењето на овие проекти, динамиката на реализација, регионалното поврзување и идната улога на гасната инфраструктура во енергетската транзиција, разговараме со Недим Рама, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести