ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тошковски вели дека 14 лица се повикани на разговор за насилството врз ученичката во Ѓорче Петров
ВО ПОЛИЦИЈА СЕ ПОВИКАНИ 14 ЛИЦА ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ УЧЕНИЧКА
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека 14 лица се повикани на разговор во врска со случајот на врсничко насилство врз шестоодделенка во скопската населба Ѓорче Петров. Меѓу повиканите се и родителите на трите ученички кои се осомничени за малтретирање на нивната соученичка.
Тошковски посочи дека истрагата е во тек и дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија. Во случајот е вклучено и Јавното обвинителство, кое постапува по насока на надлежен јавен обвинител.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ
Со завршни зборови на странките, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, на кое Обвинителството побара максимална казна за обвинетиот, оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава, кога таа и нејзината шестгодишна ќерка Катја го загубија животот.
СЕ ОДРЖА УШТЕ ЕДНО РОЧИШТЕ ЗА „ПУЛС“
Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор.
На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата.
ШТИПЈАНЕЦОТ АСАНОВ ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР
Основниот суд во Штип му изрече доживотна казна затвор на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова. Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова, откако Асанов беше прогласен за виновен.
Според обвинението, тој минатата година ја убил Николова по што го распарчил телото. Дел од посмртните останки беа пронајдени во дворот на неговата куќа, додека другите делови не се пронајдени и покрај пребарувањата.РОКАС ПОТСЕТИ ДЕКА ИМА РОКОВИ ЗА РЕФОРМИТЕ
Maкедонија работи на десет критични точки, кои се обемни, а една од нив е реформата на Изборниот законик.
Ова го изјави денеска министерот за европски прашања Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање дали е пристигнат извештајот на Европската комисија за 2025 година.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
