ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тошковски и Фуркан Салиу влегоа во вербален конфликт
ТОШКОВСКИ И САЛИУ ВО КОНФЛИКТ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧИЛО ВО ДОЛНО КОЈНАРЕ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека приведувањето на новинарот Фуркан Салиу е снимено, но и дејствијата кој ги презел претходно. Тој кажа дека се надева дека јавноста ќе може да види што се случувало. Според Тошковски, Салиу присуствувал на натпревар кој бил од висок ризик – а не е приведен бидејќи вршел одредена служба или поради етничка припадност, туку бидејќи имало кривично-правен настан, пренесе skopje1.
Новинарот Фуркан Салиу за Сител изјави дека секој ден оди на стрелиште и дека тоа го планирал и по фудбалскиот меч во Долно Коњари, затоа имал пиштол во автомобилот.
Во селото за време на мечот се случија инциденти меѓу навивачките групи, а тој беше приведен со образложение од полицијата дека нападнал полициски службеник.РАДЕВ ИМА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И ИЗЈАВИТЕ КОН БУГАРИЈА
Бугарскиот претседател Румен Радев се жали за пораките упатени кон нив во текот на предизборната кампања во земјава.
Тој додава дека тоа лошо влијае на односите меѓу Софија и Скопје.
СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА УШТЕ ТРАГА ПО ТЕЛОТО НА ДАНКА ИЛИЌ
Жената која живее блиску до местото каде што е убиена 2-годишната Данка Илиќ во населбата Банско Поље кај Бор, тврди дека го видела девојчето на кобниот 26 март, но не можела ни да претпостави дека во тој момент е сама и дека неколку минути подоцна ќе се случи ужасната трагедија. Таа со жалење вели дека со денови се обвинува себеси што не го зела девојчето кога го забележала во близина.
Додаде дека пред неколку дена ги видела убијците на Данка и дека не забележала ништо чудно кај нив.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонските земјоделци според статистичките податоци повеќе садат пипер, а помалку домати.
