Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tошковски и Андоновски дадоа отчет за сработеното

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tошковски и Андоновски дадоа отчет за сработеното

МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски даде отчет за сработеното и откри дека за 2 години се откриени 30 организирани групи. 

Во областа на корупцијата  вели дека сузбиени се 6 такви групи при што кривично се пријавени 146 лица и 18 правни. Откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на пријавени сторители надминува 1.000.

„Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што бара постојана посветеност. Затоа, ќе продолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори на предизвиците“, рече Тошковски.

И СТЕФАН АНДОНОВСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ

И министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи за период од две години.

Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. 

Еден од најзначајните резултати е развојот на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. Бројот на електронски услуги на порталот порасна од 120 во 2024 година на 352 во 2026 година. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 на 13.445, бројот на корисници од 110.000 во 2024 година на 266.000 денес, а вкупниот број поднесени барања од 64.000 на над 340.000.

РАБОТНИК ОД БАНГЛАДЕШ Е ЗАРАЗЕН СО ДЕНГА ТРЕСКА

Потврден случај на денга треска во Македонија кај 42-годишен маж од Бангладеш. 

Фадил Цана, директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на денга треска. Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје.

ВО ВЕНЕЦУЕЛА ЗАГИНАА НАД 1.400 ЛУЃЕ

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на повеќе од 1.400. 

Ова го објави денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, пренесе CNN.

Родригез изјави дека најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останале без своите домови.

Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела ноќта помеѓу среда и четврток.

Слично

Поврзани вести