СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ИЗБРА В.Д. ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Советот на јавни обвинители денеска со едногласна одлука ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител.
На денешната седница, Тополова-Исајловска беше единствениот предложен кандидат за оваа значајна функција во правосудниот систем. Таа доаѓа на позицијата од функцијата заменик јавен обвинител, каде што со години работела во рамки на Јавното обвинителство.
Назначувањето е извршено согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, според кој вршителот на должноста се определува од редот на јавните обвинители. Тополова-Исајловска ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.
ДО МАРТ НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Инфлацијата во месец ноември годинава изнесува 0,5 проценти, а на годишно ниво е околу 4 проценти што укажува на стабилизација на ценовните движења. Проекциите се дека следната година, инфлацијата ќе биде под 3 проценти, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет.
„Ние како влада никогаш не сме биле против зголемување на минималната плата, туку преку дијалог оставаме тоа да биде договор помеѓу работодавачите и работниците. Сепак, според нашите индикатори, во вакви економски услови нема оправданост за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување во март кое е јасно утврдено со закон и кое би било помеѓу 1500 и 2000 денари, поточно ќе знаеме после Нова година“, рече Дурмиши.
АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА
Администрацијата на Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи амбасадски позиции, додека се обидува да го преобликува американскиот дипломатски став во странство, со персонал за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на Доналд Трамп „Америка на прво место“, пренесува Гардијан.
Шефовите на мисии во најмалку 29 земји биле информирани минатата недела дека нивните мандати ќе завршат во јануари, според двајца претставници на Стејт департментот, кои зборувале, но под услов да останат анонимни за да разговараат за внатрешните преместувања на персоналот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во 2024 година, просекот по домаќинство кога се во прашање готови јадења е 1.9 килограми. Ова е податок од Државниот завод за статистика(ДЗС). Сепак, статистиката покажува дека денес за разлика од порано, македонските граѓани повеќе купуваат готови јадења.
Македонија ќе се задолжи кај Европската банка за обнова и развој за 20,9 милиони евра, а парите треба да се користат за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници Транспорт, или попрецизно за набавка на електрични локомотиви.
Во Мајами деновите пред викендот, и викендов минуваат во преговори на американските посредници со украински и руски претставници, Се преговара за ставање крај на војната во Украина.
„Нефи ИК“, фирмата на контроверзниот бизнисмен Нефи Усеини од Охрид доби дел од тендерот за зимско одржување на државните патишта. Неговата фирма добива 4,3 милиони денари и е меѓу оние кои ја поделија јавната набавка тешка 188,8 милиони денари.
2015 година се јави кај СДСМ да си ги побара назад опозициските тактики на (поранешниот) лидер Зоран Заев. Дали е ова легитимна тактика на Венко Филипче во градењето опозициски фронт, или само купување време пред да се соочи со сопственото членство и досегашните неуспеси на СДСМ.