Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тетовскиот анестезиолог остана без лиценца, Спасовски најави кривични за лажните дојави за бомби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тетовскиот анестезиолог остана без лиценца, Спасовски најави кривични за лажните дојави за бомби

ТЕТОВСКИОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ ОСТАНА БЕЗ ЛИЦЕНЦА

Лекарската комора донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, по видеата кои ги споделуваше од пациентите на Тик-ток, нарушувајќи им ја приватноста.

„Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето“, соопшти комората.

Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика. 

ЌЕ ИМА КРИВИЧНИ ЗА ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Иако помина еден месец досега откако ги најави, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска рече дека се уште се работи на комплетирањето на кривичните пријави за група македонски државјани што треба да одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти.

На крајот на минатиот месец Спасовски рече дека е лоцирана група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси и дека таа група ќе биде комплетно разоткриена, со што ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам.

МУЗИКА ЕЧЕЛА ВО ПОЛИКЛИНИКА ДРАЧЕВО

Директорот на Домот за јавно здравје - Скопје, Вулнет Селими, во статус на Фејсбук најави санкции за одговорните поради пуштање на прегласна музика во поликлиниката во Драчево.

Во Поликлиниката во Драчево во Скопје не се почитувал редот и мирот на работното место, бидејќи вработените на неконтролиран начин пуштиле да се слуша музика низ сите ходници на поликлиниката со што биле вознемирени пациентите.

На ова реагираше и директорот на Домот за јавно здравје во Скопје, Вулнет Селими, кој преку статус на Фејсбук рече дека ќе се преземат мерки за вработените, а негова информација е дека се работело за веселба поради испраќање на некое од службените лица во пензија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешниот заменик-министер за транспорт и врски и последен директор на Скопски саем, Дејан Кошутиќ, е назначен да раководи со големата израелска инвестиција во Македонија на гигантот Big Shopping Centers, познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот.

НЛБ Банка има добитна стратегија која и овозможи да ги подигне стандардите за најголема добивка. Нејзиниот профит за 100 дена (прв картал) изнесува 13 милиони евра. Бетон-комбинација од нето приходи од камати за 25%, раст на нето приходи од провизии и ослободени резервации

Веќе неколку години, Хрватите им ги „крадат“ сезонците на Црногорците. Повеќето од македонските посредници кои во 2016, 2017, 2018 и 2019 година регрутирале работници за работа во Црна Гора, било да е за градежништво или работа во туризам, повеќе не го прават тоа. 

Слично

Поврзани вести