ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тестираните се негативни, Спасовски повика граѓаните да пријавуваат ако некој ги крши мерките
ДЕНЕС НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ
Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.
Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку Центарот за јавно здравје од Штип.
И вториот тест на лицето од Кочани е негативен на коронавирус.
Министерството за здравство соопшти дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.
И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори.СПАСОВСКИ ПОВИКА ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ ОНИЕ КОИ ГИ КРШАТ МЕРКИТЕ
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски вечерва изјави дека мора да се почитуваат мерките за заштита, за не дојде до ширење на коронавирусот.
Вели дека посветено ќе работат, со цел граѓаните да имаат сигурност.
Спасовски рече дека и сега има собири по паркови, околу згради, и вели дека полицајците реагираат превентивно.
„Апелирам до граѓаните да го пријават секое собирање на граѓаните било каде во државата“, вели Спасовски.
Премиерот вели дека џабе се напорите, ако самите не сме одговорни.ВО ДЕБАР МИРНО
Состојбата е мирна во Дебар, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Изјави дека немало поголеми собири, и дека без проблем има дотур на храна, лекови и средства за лична хигиена.
Порача дека освен Дебар и Центар Жупа, и во Струга, Охрид и Кичево, треба граѓаните да се придржуваат до мерките, за да се спречи ширењето на коронавирусот.Примариус доктор Драган Клопчевски кој е специјалист интернист од Дебар, кризната состојба во Дебар во петокот вечерта ја дочека во Скопје каде живее со семејството.
По саботата која му беше слободна утрово повторно се враќа во дебарската болница. Мината недела имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела нема да се враќа кај сопругата и децата во Скопје.
Можеби нема и подолго затоа што работи во дебарската болница.АПЛАУЗ ЗА ЛЕКАРИТЕ
Пејачката Кристина Арнаудова денеска покрена иницијатива, на симболичен начин граѓаните да им се заблагодарат на здравствените работници поради справувањето со коронавирусот.
Аплаузот беше закажан за на тераса. Се приклучија многу соседи, а аплаузот одекна и траеше скоро една минута.
Во Италија луѓето со аплауз им оддадоа почит на лекарите.MНР БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ „ЗАГЛАВЕНИ“ НА ГРАНИЦИТЕ
Се прават напори за обезбедување храна и вода на заглавените македонски превозници на италијанско-словенечката граница.
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денес разговарал со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар.
Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање.
Двајцата министри се договорија дека ќе вложат максимални напори за да се направи се’ што е во надлежност на министерствата за надворешни работи од регионот, како би се забрзал транспортот.Четворица млади Македонци се заглавени на словенечко-хрватската граница на граничниот премин Мачељ.
Станува збор за две момчиња и две девојки, на возраст од 26 до 28 години.
Ова за Фактор го тврди мајката на една од девојките, која не знае дали и кога ќе биде решен проблемот на нивните деца заглавени на границата.ГРАЃАНИТЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ
Граѓаните чекаат ред за да влезат во маркетот КАМ во главниот град.
Откако во земјава се појавија повеќе заболени од коронавирусот и стапија на сила мерките на Владата, со кои се советува граѓаните да останат дома, за да не се шири вирусот, луѓето купуваат поголеми количини храна.
Од КАМ апелираа на разумно пазарење.ДИК БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
Државната изборна комисија апелира до политичките партии да се одложат предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.
Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот, побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 идниот месец.
ЧИТАЈТЕ УШТЕСветската пандемија со корона вирусот колку и да изгледа застрашувачка успеа на површина да го извади хуманото од луѓето, потребата од меѓусебна поддршка и кревање на духот. Можеби ваков колективен напор засега не гледаме целосно на дело од страна на некои наши сограѓани кои и натаму не ја разбираат сериозноста на ситуацијата.
Живееме во време на кризи. Климатската криза и кризата на масовно истребување на видови веќе некое време се дел од нашата реалност. Сепак и покрај нивните сериозни импликации врз нашиот опстанок како вид, тие сеуште немаат успеано да го добијат истито внимание како пандемијата COVID-19, позната како Коронавирус. За време на пишувањето на оваа статија има речиси 136000 случаи на коронавирус пријавени во 127 земји.
Изгубени се скоро 5000 животи и 10% од активните случаи се сметаат за сериозни или критични.
