ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тензично беше во Благоевград каде се отвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“
ВО БУГАРИЈА СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН КЛУБ
Македонски книги ќе има во клубот „Никола Вапцаров“ во бугарскиот Благоевград, соопштено е денеска.
Македонците од Бугарија се заблагодарија на како што рекоа браќата од Канада кои им дале поддршка за отворање на клубот. Велат дека овој клуб е во интерес на македонската идеја.
„Да развиваме достојни идеи и цели во овој клуб“, кажаа Македонците од Бугарија.
Македонците од Бугарија читаа поезија од поетот Никола Вапцаров, каде тој ја споменува Македонија. Го нарекоа дека е човек симбол на Македоцните во Бугарија.
„Сакаме да бидеме Македонци, без страв. Да си Македонец не е анти бугарско дело. Ние подаваме рака за пријателство“, беше кажано при отворањето на клубот.ЏАМБАСКИ ПРОТЕСТИРАШЕ СО СВОИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ
Европратеникот Ангел Џамбаски денеска во Благоевград ги обвини Македонците од Бугарија дека се сепаратисти.
Тој вели дека Македонија, била, е и ќе биде бугарска. Џамбаски на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров" не дозволи да се положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. Тој и неговите приврзаници рекоа дека тоа може да се направи само доколку заедно со цвеќето се постави и бугарско знаме како национален симбол.ИМАШЕ ИНЦИДЕНТ И СО АПАСИЕВ
На чист б'лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ, пишува на социјалните мрежи, претседателот на Левица Димитар Апасиев.
Ова се однесува на случувањата денеска во Благоевград, каде во толпата еден маж почна да се расправа со него и го нарече крадец.
