Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тензични протести пред Владата и Собранието, демонстрантите маваа со јајца

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тензични протести пред Владата и Собранието, демонстрантите маваа со јајца

ТЕНЗИЧНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ

Eскалира протестот пред Владата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата. 

Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда. Викаат „Оставка“ и „Станете Македонци“. 

Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камењ.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.

Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието и сега протестираат во дворот. Тие образложуваат зошто власта треба да го отфрли францускиот предлог. 

НА ПРОТЕСТОТ СЕ ПОЈАВИ И ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

Пејачот Ламбе Алабаковски пееше и се обрати на протестот пред Владата. 

Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам. 

„Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот. 

MИЦКОСКИ СМЕТА ДЕКА УТРЕ ВЛАДАТА ЌЕ ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација. 

Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.

„Утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата“, рече Мицкоски.

Тој ќе се откаже од предвремени избори доколку премиерот Димитар Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Централното градско подрачје од главниот град од околу 14.30 минути остана без електрична енергија. 

Одлуката за рационализација на паушалите на менаџерите не треба да изненадува особено ако се знае актуелниот економски амбиент и непредвидливите и растечки цени на сите продукти, а особено на енергенсите.

Емисиите на јаглерод диоксид и други стакленички гасови паднаа за 4,6 отсто во 2020 година како резултат на „заклучувањета“ во првата половина од годината што ја ограничи глобалната мобилност и ја попречи економската активност. Многумина се надеваа дека ова ќе го означи почетокот на потрајно поместување на емисиите на јаглероден диоксид надолу, сепак, илузиите за кратко се струшени. 

Засега е многу тешко да се даде одговор на прашањето колку време ќе биде потребно за економско закрепнување на Украина откако војната ќе заврши. 


Слично

Поврзани вести