ФАКТОР НА ДЕНОТ: ТЕ-ТО ќе работи 7 дена во неделата, а БЕГ бара Владата да го преземе парното греење
СЕ БАРААТ РЕШЕНИЈА ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА
Mинистерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес - конференија изјави дека е донесена одлука со која се предлага АД ТЕ-ТО Скопје ќе работи по 7 дена во неделата, и тоа со полна моќност.
Електрани на Северна Македонија ќе ја откупува електричната енергија. Цената не треба да е повеќе од 170 евра по мегават час.
„Со производство на електричната енергија дополнително ќе се обезбеди топлинска енергија“, рече министерот.Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење, велат од БЕГ.
Додаваат дека во четвртиот квартал во 2021 година и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза.И ДЕНЕС ИМА НАД 1.800 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.НЕМА КОНКРЕТЕН ДАТУМ КОГА МАКЕДОНИЈА БИ ГИ ПОЧНАЛА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
Нема рокови за ЕУ интеграцијата.
Францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер денеска пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието ги презентираше приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија. Тој изјави дека за Македонија нема определен рок за проширување на унијата, а нема ни датум за почеток на самите преговори.
„За оваа тема нема некој утврден точен рок, затоа што тој рок зависи од Меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум“, изјави Бомгартнер.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
