Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања е ослободен, Палевски, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотен затвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања е ослободен, Палевски, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотен затвор

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  

Сите четворица добија доживотен затвор. 

- Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски за кривичното дело грабнување им утврдува казна затвор од по 10 години, а за кривичните дела убиства на секој од обвинетите поединечно им утврдува казна затвор доживотен затвор, со што им се утврдува единствена казна доживотен затвор - образложи судијата Ивица Стефановски при денешната објава на пресудата во Основен кривичен суд Скопје.

Александар Ѓорчевски, пак, се ослободува бидејќи Јавното обвинителство не докажало надвор од разумно сомневање дека го сторил делото.

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ БИДЕ ВО СКОПЈЕ

Нема услови во Кочани и затоа целиот предмет за пожарот во дискотеката Пулс ќе се одвива во главниот град. 

Основниот кривичен суд во Скопје ќе го води судењето за пожарот во кој загинаа 62 луѓе, а 200 беа повредени. Оваа одлука денеска ја донесе Врховниот суд на Република Северна Македонија, откако е утврдено дека судовите во Кочани, Штип и Струмица немаат услови да го водат предметот.

МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО во Хаг,  се сретнала со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Рече дека имале пријатен и пријателски разговор за време на кој ги допреле темите за нужноста од меѓусебно разбирање и почитување.

„Имав пријатен, протоколарен, пријателски разговор со бугарскиот премиер вчера пред вечерата. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање без посредување, за потребата да се почитуваме, да го следиме духот на двата народи, да си помагаме и за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ“, рече Сиљановска-Давкова во изјавата за ТВ 21.

ГУВЕРНЕРОТ БАРА БАНКИТЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ПРОВИЗИИТЕ

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, на денешната средба со директорите на деловните банки во Македонската банкарска асоцијација им порача да ги намалат цените, односно провизиите на платежните услуги.

По средбата гуцернерот рече дека овие приходи им носат дури 18 отсто од приходите на домашните банки и доколку поевтинат тоа ќе значи охрабрување за граѓаните помасовно да ги користат, а со тоа и ќе се намали сивата економија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со цел подобрување на безбедноста на патиштата во земјава група пратеници предлагаат измени на Законот за јавните патишта, со кои треба да се подобри управувањето, планирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето, заштитата, финансирањето и надзорот на јавните патишта.

Звучи чудно за македонски услови, но јавното претпријатие „Национални шуми“, еден од најголемите работодавачи во земјата, во текот на минатата година успеало да ја намали превработеноста за околу 150 работници на неопределено време.

Некаде лежалките се бесплатни, некаде за 150 денари добивате само лежалка, а има и опција за истите пари да добиете и лежалка и пијачка. 

Слично

Поврзани вести