ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Фросина бара доживотен затвор за Васил, а Бубевски вели дека постапката е проширена и за родителите
ТАТКОТО НА ФРОСИНА КУЛАКОВА БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ВАСИЛ
Taткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор вечерва во Дневникот на Сител се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протестите.
Вели дека има сознанија дека сакаат лицето кое ја прегази да го сместат во друга институција.
„Бараме ова веднаш да се спречи. Ако бил ненормален имало време кога да се констатира. Ова покажува дека ниту тој, ниту неговите родители немаат зрно каење“, рече таткото.
Кулаков вели дека тие на ова гледаат како на обичен бизнис и сакаат да се заташка случајот. Објасни дека три часа немало обвинител. Taткото на Фросина вели дека го контактирале многу адвокати за да го застапуваат.БУБЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПОСТАПКАТА Е ПРОШИРЕНА И ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски вечерва за Телма изјави дека за прегазувањето на Фросина Кулакова, постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
Обвинителот информираше дека постапката е проширена и за родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 153 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници на македонската Влада положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод одбележувањето на 153-годишнината од неговото раѓање.
Мицкоски го честиташе денот од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев и посочи дека македонската Влада во иднина треба да има традиција во чествувањето на овој ден, бидејќи, како што рече, Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
