Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ РЕСОРИ ЌЕ ДОБИЕ „ВРЕДИ“

Aрбен Таравари од „Вреди“ вели дека сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада. 

„Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во идната Влада сѐ уште е рано да се каже бидејќи разговорите течат и се очекува да финишираат до крајот на идната недела а позицијата спикер во Собранието е на листата на барања“, потврдија од Коалицијата за телевизија Телма.

Таравари вели дека информацијата дека Коалицијата „Вреди“ ќе раководи со шест министерства не е точна.

РТК претходно објави дека Албанците ќе имаат шест министри и претседател на Собранието.

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК СО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единица 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. Вели дека ова е историска можност за државата.

„Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Сѐ уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника“, рече Мицкоски.

ГРЦИТЕ ПАК ОПОМЕНУВААТ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за неделното издание на солунскиот весник „Македонија“, ја повика новата претседателка Гордана Силјановска Давкова „да избегне слични нелегални и провокативни“ избори и порача дека ратификацијата на трите меморандуми зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски, јави дописничката на МИА од Атина. 

Додаде дека „не беа случајни брзите реакции“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но и од САД. 

„Од наша страна ја повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни избори, за кои, секако, категорично изјавуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот тек на Скопје зависи од искреното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција, може да има само корист“, изјави грчкиот премиер. 

СЕ ТРАГА ПО ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси. 

Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот.  Хеликоптерот со иранскиот претседател Ибрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи. Несреќата се случила во областа Калибар и Варзган.

Слично

Поврзани вести