Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ТАРАВАРИ ИМА ПЛАН ЗА ЗДРАВСТВОТО

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, денеска во изјава за медиумите, рече дека е свесен за недостигот на кадар во јавните здравствени установи. Таравари се надева дека до крајот на годината ќе има огромен број на вработувања, особено во здравството.

Министерот беше во посета на Здравствен дом - Скопје, каде разговарал за состојбата со апаратура, со автомобили и амбулантски возила, како и за подобрување на условите за медицинскиот персонал.

Разрешени дел од директорите на скопските клиники. Како што најави новиот министер за здравство Арбен Таравари, веднаш по преземањето на функцијата разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност и за кои не постои законска пречка за ексресно да ги напуштат фотељите.

Притоа први чии функции завршуваат се директорите на скопската Клиника за Неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.

СОФИЈА ТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА ПРЕДОГОВАРАЊЕ НА РАМКАТА

Бугарско Mинистерство за надворешни работи(МНР), соопшти дека идеите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за повторно преговарање на рамката само ќе го оддалечат Скопје од ЕУ. 

Потсетуваат дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја.

Додаваат дека принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и е вграден во преговарачките рамки на сите досегашни и сегашни проширувања.

КАМБОВСКИ КАЖА СТАВ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ

Прашањето за разрешување во целина на Судскиот совет е доста комплексно и не е едноставно, бидејќи ако го разрешите Судскиот совет со закон, тоа е големо прашање дали така може уставни тела да бидат разрешувани со обични закони во целина, како и тоа дека ќе значи мешање во судската власт т.е. во автономното право на судиите да ги избираат своите членови во Судскиот совет, вели академик Владо Камбовски.

Камбовски, кој раководеше со работната група за реформа на Судскиот совет, согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ, вели дека фокусот сега треба да се насочи во рамки на оние предложени решенија за зајакнување на одговорноста на членовите и процедурите што се таму предвидени за обезбедување на објективни постапки за избор на членови, транспарентност, одговорност, отчетност на работата на Судскиот совет. 

МИЦКОСКИ ВЕТУВА ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ

Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Изградбата се очекува да започне во втората половина на 2025 година, а со оваа странска инвестиција на „Алказар Енерџи“, вредна над 500 милиони долари, се очекува да се отворат нови 630 работни места. 

Ветерниот парк, како што беше посочено на денешната промоција на инвестицијата, ќе произведува електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Комерцијална банка“ лани ја имаше својата најуспешна година со профит од речиси 60 милиони евра.

АД „Силекс“ му го преотстапи уделот од 38 отсто на партнерот „Генезис“ од Мелбурн во потрагата по злато, сребро и бакар во Пробиштип и Кратово.

Вработените во туристичките агениции сметаат дека иако секој турист има различни афинитети, сепак постојат дестинации како Тунис и Египет каде е попријатно да се патува во есен, за разлика од екот на летото кога температурите се екстремно високи. 

Слично

Поврзани вести