Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

НАСКОРО ЌЕ ИМА ДОГОВОР ЗА ВЛАДА

Претседателoт на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

„Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.", рече Таравари.

Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.

ПАЛЕВСКИ ПОБАРАЛ АДВОКАТ

Основен суд се произнесе околу Љупчо Палевски Палчо кој беше екстрадиран од Турција.

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со осомниченото лице Љ.П. кое на 15.05.2024 година беше екстрадирано од Р. Турција и пренесено во Истражниот затвор Скопје, Основен кривичен суд ја информира јавноста за следново. 

„Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ВЕЛИ ДЕКА НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, велат од Европскиот фронт.

„Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.

Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Скопјани велат дека цената за такси-превозот е неосновано висока, затоа што во меѓувреме основниот трошок за гориво се стабилизирал и не е така висок како за време на енергетската криза. 

Остваруваат ли најдобрите пет компании членки на Стопанската комора над една милјарда евра профит заедно. Колку тежат нашите бизнисмени? Колку време е во комората Бранко Азески и дали и тој самиот некогаш се обидел да се оствари со своја бизнис компанија.

„Лидл Северна Македонија“, според податоците кои „Фактор“ ги провери во Централниот регистар, во 2023 веќе имал 95 вработени во земјата и нивниот број за една година се зголемил за 46 отсто.

Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.

Можностите за инвестиција стануваат се подостапни за македонските стартап компании на кои им е неопходно финансирање за развој на производ или услуга која може брзо да се скалира и да генерира висок раст за краток временски период.

Главниот словенечки заемодавач Нова Љубљанска банка соопшти дека има намера да лансира целосно готовинска доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико банка која има силно присуство на Балканот.

Берзанскиот билтен е секогаш полн со информации за состојбата на македонскиот топ бизнис, и за тоа кој е кој на домашната деловна сцена, но пртитоа треба да се има предвид дека оттука можеме да ги согледаме податоците само за домашните котирани акционерски друштва.

Намалување на бројот на барања за лекување во странство, ама и пад на бројот на испратени граѓани на лекување во странство регистрирал Фондот за здравствено осигурување на Македонија во текот на минатата година. 

Слично

Поврзани вести