Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари и Максим Димитриевски собраа по 10.000 потписи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари и Максим Димитриевски собраа по 10.000 потписи

ТАРАВАРИ И МАКСИМ СОБРАА ПО 10.000 ПОТПИСИ

Арбен Таравари од обединетата албанска опозиција „Вреди“ попладнево соопшти дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за претседател.

Таравари на социјалните мрежи им се заблагодари на сите оние кои се потпишале за неговата кандидатура за претседател.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател!  Целта оваа кампања нека биде наменета за Вас!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.

Kумановскиот градоначалник Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател. 

„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски вечерва на својот профил на „Фејсбук“.

ДЕМИРИ ЌЕ РАЗГОВАРА СО СЕМЕЈСТВОТО НА ЛЕОНИД ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто така беа образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение“, изјави Демири.

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ ИМААТ ПРИОРИТЕТ ЗА ПАСОШИ

По иницијатива на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи.

„Овозможуваме непречен меѓународен транспорт и побрзо издавање на патни исправи за домашните транспортери“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска на седница на Владата се донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во некои држави во светот ја забранија шеќерната волна со објаснување дека е ризик фактор кој може да предизвика канцер. Последен таков пример имаше во Индија.

Поразителни бројки на новозаболени од тешки форми на канцер. Последните податоци од 2022 година, (за 2023 сè уште не се објавени), покажуваат дека има околу 20 милиони нови случаи на рак на глобално ниво, а според Светската здравствена организација, повеќе од 35 милиони нови случаи се предвидуваат до 2050 година.

Млад скопјанец кој имал успешна кариера и стигнал до ниво да биде шеф на кујна на крузер кој угостува 1.800 туристи се соочува со страшни последици од правниот вакуум што го предизвика нашата држава со укинувањето на старите пасоши, а ненавременото издавање нови патни исправи. 

Професорите Сашо Ќосев и Владимир Филиповски уште четири години ќе бидат членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје.

На седницата на Собранието на акционери што ќе се одржи на 28 март годинава, Стопанска банка Скопје треба да донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите.

Дали платите го следат расотот на трошоците на граѓаните, дали растот на просечната плата е доволен показател за примањата на граѓаните и зачувувањето на животниот стандард на работниците?

Намалување на побарувачката на нови кредити и раст на предвремената отплата на кредитите се трендови кои се наметнаа по зголемувањето на референтните каматни стапки.

Слично

Поврзани вести