ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сведокот Саздов изнесе страшни детали во судницата за тоа како Стојанче Јовановски ја малтретирал сопругата
СВЕДОК РАСКАЖА КАКО СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ЈА МАЛТРЕТИРАЛ ИВАНА
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.
Сведокот Мартин Саздов одговараше на прашања во врска со обвинетиот Стојанче и сега починатите Ивана и Катја.
- Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот - рече Саздов.
Во 2021 година се запознале со Стојанче во Противпожарната, каде што се вработиле, се дружеле со него и неговата сопруга и ќерката, потоа и со девојката на Мартин.
- Додека се дружевме, Ивана ја гледав како сестра, како најдобра другарка. Престанавме да се дружиме кога дознав дека се гледал со девојката со која се гледав јас, со мојата девојка, после се оттргнав од него. Со Стојанче не зборевме, не се гледавме.БИЗНИСМЕН ТВРДИ ДЕКА ОБВИНИТЕЛИ ОД ПОРАНЕШНОТО СЈО МУ БАРАЛЕ ПОТКУП
Гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев поднел кривична пријава против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова, обвинувајќи ги дека од него барале поткуп од еден милион евра за да ја запрат постапката против него во случајот „Поштенска банка“.
Според информациите, по завршување на судскиот процес во корист на обвинетите во 2024 година, Главчев решил да ги изнесе во јавност наводите за притисоци и корупција, доставувајќи и материјални докази, меѓу кои и аудио-снимка до надлежните институции.
Главчев тврди дека во јануари 2019 година, преку посредство на сведокот Бојан Јовановски – Боки 13, бил информиран за условите под кои би можела да се запре истрагата. Средбата се одржала во просториите на тогашната телевизија 1ТВ во Скопје.ФИЛИПЧЕ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО АМБАСАДОРИТЕ И ДО ЕУ
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе испрати писма до амбасадорите, како и до високи функционери на Европската Унија(ЕУ) и НАТО, во врска со, како што рече, „системското демонтирање“ на евроатлантската иднина на Македонија, благодарение на изјавите и ставовите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Ова е намерен обид да се онеспособи остварувањето на стратешката цел – интеграција во Европската Унија, додека истовремено се саботира фундаменталниот национален интерес за евроатланска интеграција“, изјави Филипче.ММФ ДАДЕ ПРОГНОЗА ЗА РАСТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предупредува за бавен раст на БДП и зголемена инфлација за 4,5 отсто за 2026 година, а дополнителен ризик претставуваат непланирани зголемувања на плати и пензии, како и можни пречекорувања на трошоците кај големите инфраструктурни проекти.
Од Меѓународниот монетарен фонд предупредуваат дека растот на цените на енергенсите, поттикнат од конфликтот на Блискиот Исток, може повторно да создаде инфлациски притисоци и да го забави економскиот раст во Северна Македонија. Ова е наведено во завршната изјава на Мисијата на Фондот по редовните консултации со земјава.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
ГД Гранит АД Скопје во 2025 година оствари позитивен финансиски резултат, благодарение на вложувањата во профитабилни акции, и покрај значителниот пад на приходите, покажуваат неревидираните консолидирани извештаи објавени на Македонска берза.
Согласно објавата вкупните приходи за периодот јануари–декември достигнале околу 52,7 милиони евра, што е намалување од 16 проценти во однос на претходната година. Сепак, извештајот открива дека приходите од продажба достигнуваат до 47,2 милиони евра, при што имале пад од 20 процнети, главно поради завршување на неколку крупни проекти и доцнење на нови тендери.
