ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сведок на Палчо тврдеше дека полицијата го тепала Видевски за да ги признае убиствата
НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ
Со изведување на докази од страна на одбраната во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Денеска беа изведени материјални докази од одбраната на Ѓорчевски, а беше сослушан и сведок на предлог на одбраната на Палевски.
Одбраната на обвинетиот Боре Видевски на почетокот од денешното рочиште предложи изведување на доказ за тортура при приведувањето на Видевски, но предлогот не беше прифатен.ФИЛИПЧЕ СО ОБВИНУВАЊА ЗА ГЛАСАЊЕТО ВО ЊУЈОРК
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека ќе беше помудро да гласавме „за“ двете резолуции во Обединетите нации(ОН).
Додаде дека тоа ќе беше принципиелна и стабилна одлука, којашто ќе ја зајакнеше нашата позиција, ќе го зајакнеше нашето партнерство и со ЕУ и со САД.
„Ако сме целосно усогласени со ЕУ, зошто тогаш гласаме спротивно на сите други европски земји? Одговори на овие прашање не добивме од Владата. Гласањето за двете резолуции ќе беше наш јасен став дека сме за што поскоро завршување на војната во Украина“, изјави Филипче.ФРАНЦИЈА РЕАГИРА ЗА ГЛАСАЊЕТО
За Франција бил неочекуван ставот на Скопје во однос на резолуциите за Украина.
Во однос на фактот што Македонија не гласаше за Резолуцијата чиј спонзор беше Франција, коментар имаше и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер.
„Навистина вие посочувате со прст важна тема, со гласањето на Северна Македонија во Њујорк, коешто за нас беше неочекувано“, изјави Ле Риголер.
Претходно од Министерството за надворешни работи(МНР) соопштија дека при носењето одлука да се поддржи Резолуцијата на САД, а не онаа на Украина и ЕУ, се воделе од темелна анализа на актуелните глобални надворешно-политички движења и не треба да се толкуваат како промена на позициите.СЕ НАВРШИЈА 21 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
