ФАКТОР НА ДЕНОТ: Суспендиран шефот на обезбедувањето на Гаши, поднесена е и кривична пријава
КРИВИЧНА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИ
Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, Сабедин Синани, доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена.
По истрагата на Внатрешната контрола на МВР е утврдено дека Синани кој е началник на одделот за лично обезбедување на Гаши, постои основи на сомневање дека ги сторил кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. За другите двајца полицајци кои го придружувале Синани на аеродромот е поднесен Предлог за постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДУИ СПРЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА
Имаме информации дека ДУИ за да го заштити капиталот кој го таложеше ќе предизвика дестабилизација, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Кажа дека тие информации се од повеќе канали.
„Ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет, како и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава. Очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации кои што ги имаме, но да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или информациите нема да бидат точни“, рече Мицкоски.Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека сите информации за можна дестабилизација, премиерот Христијан Мицкоски треба да ги сподели со институциите.
Од ДУИ велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали.
ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Профитот можеби е малку „чепнат“ во однос на истиот период од минатата година, ама тоа не треба никого да вознемири. Напротив, финансискиот резултат на челичарскиот гигант во земјава „Макстил“, е бројка која е сосема солидна, особено ако се има предвид во какви услови е остварена, но и поради фактот што во голем дел се дожи на нови инвестиции, кои треба да обезбедат стабилен бизнис во иднина.
Една од најуспешните европски компании за производство на сокови, австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), сака да стекне самостојна контрола врз македонската компанија „Вита-рес“, соопшти Комисијата за заштита конкуренцијата.
РЕК Битола ќе плати над 9 милиони евра за специјализирана работна рака која треба да работи на ремонтни активности на трите блока во најголемиот производител на струја во Македонија.
Една од најуспешните европски компании за производство на сокови, австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), сака да стекне самостојна контрола врз македонската компанија „Вита-рес“, соопшти Комисијата за заштита конкуренцијата.
РЕК Битола ќе плати над 9 милиони евра за специјализирана работна рака која треба да работи на ремонтни активности на трите блока во најголемиот производител на струја во Македонија.
Слично
