ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судот во Стразбур пресуди во корист на Миле Јанакиески за притворите
СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА ЈАНАКИЕСКИ ЗА ПРИТВОРИТЕ
Влатко Илиевски, полномошникот на Миле Јанакиески пред Европскиот суд за човекови права, информира дека Европскиот суд за човекови права денес објавил пресуда за утврдена повреда на правото на слобода на поранешниот министер за транспорт и врски, загарантирана со член 5 од Европската конвенција за човекови права.
Станува збор за случаи во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“.ПРЕСУДИ ЗА ТИТАНИК 2, МИЈАЛКОВ НА СЛОБОДА
Апелациониот суд донесе пресуда за случајот „Титаник 2“, откако обвинетите се жалеа на двегодишните затворски казни изреќени од Основниот кривичен суд.
Согласно пресудата, Мијалков е на слобода а Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија со услови казни.
Според одлуката на Апелациониот суд, целосно се укинува затворската казна и обвинението за екс директорот на УБК Мијалков, бидејќи како што наведуваат од судот, настапила апсолутна застареност на кривичното дело..МАКЕДОНСКИОТ БРАЧЕН ПАР СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД ГАЗА
Министерот за надворешни работи Бујар Османи тукушто информираше дека брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони, се евакуирани од Газа.
Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени назад во Македонија.
„Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани“, соопшти Османи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се случија промени во менаџерскиот врв на државното акционерско друштво Тутунски комбинат Прилеп.
Стефан Станкоски ќе биде новиот генерален директор на шпедитерската компанија „Макошпед“.
