Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судот во Стразбур ќе испитува дали на Јанкулоска ѝ било прекршено правото на фер судење во случајот „Тенк“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судот во Стразбур ќе испитува дали на Јанкулоска ѝ било прекршено правото на фер судење во случајот „Тенк“

СУДОТ ВО СТРАЗБУР ЌЕ ГО ИСПИТУВА СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска објави Европскиот суд за човекови права ќе го разгледа нејзиниот случај во кој беше правосилно осудена на затворска казна за набака на владиниот „мерцедес“ од 600-тини илјади евра.

„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција“,напиша поранешната функционерка на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Таа ја прозва и Добрила Кацарска, која го судеше нејзиниот случај „Тенк“ во кој Јанкулоска доби казна затвор од шест години.

ЛУКАС НАЈАВИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ, ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОНИРА ЗА СЕМЕЈСТАВАТА ОД КОЧАНИ

Српскиот пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Митровиќ најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во „Јане Сандански“ во Скопје, а целиот приход, како што велат, ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата.

„Ова ќе биде само првата донација. Ќе продолжиме да помагаме во Кочани. И бидејќи веќе се најавуваме, може да бидете мирни – ќе ги имаме сите можни документи, дури и ‘тоалетна хартија’, за да не помислите дека нешто недостасува“, поентира Лукас. 

Лукас деновиве беше уапсен во Кавадарци, настапот беше прекинат, бидејќи немал дозвола за работа, а во локалот имало многу повеќе луѓе од дозволеното, се пушело и слично. 

ВЛАДЕЈАЧКОТО МОНЗИНСТВО БАРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА „ПУЛС“ И ДРУГИТЕ ТРАГЕДИИ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. 

Иницијативата на СДСМ и Левица за Анкетна комисија за случајот „Пулс“, по барање на родителите на загинатите деца од Кочани, денеска по координацијата со пратеничките групи претседателот на Собранието Африм Гаши ја врати на доработка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Под „ѕвездено небо“ на 800 метри квадратни, со 3Д мече и 3Д ѕвезди, светлечки подароци од четири мтери и елка од најмалку 13 метри, Град Скопје ќе се обиде да го врати новогодишниот дух на Скопје кој со години беше изгубен. Тендерот е распишан пред пет дена, а крајниот рок на него да се јават фирми е 4 декември, само 11 дена пред крајниот датум кога Скопје треба да блесне предноводишно.

Украина е сардисана. Од Русија на фронтот,, од САД со планот за преговори, а од Европа за продолжување на отпорот против Русија. Но не помалку, таа е пред „револуција“ и од внатре. Корупционата афера „Миндич“ го потресе украинскиот врв.

Душан Узелац, уредник на српскиот портал Каматица, ги советуваше пензионерите да не ги трошат сите пари што ќе ги заработат, односно или повеќе да заработуваат или помалку да трошат за мирни пензионерски денови, но повеќето наши пензионери велат дека ова тешко им оди. 

Раководителите на „Македонски навигации“, акциoнерско друштво во државна сопственост за контрола на авиолетови, годишно делат по 230.000 евра дополнително, покрај основната плата, како надоместок за клучен раководен кадар.


Слично

Поврзани вести