ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судијата Ристов доби куќен притвор, а Анел Фидоски е новиот шеф на ОЈО Скопје
СУДИЈАТА РИСТОВ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое му определи мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за тешки кривични дела од областа на финансискиот криминал.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и на Ристов му определи мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на пасошот и забрана за издавање нов.АНЕЛ ФИДОСКИ Е НОВИОТ ШЕФ НА ОЈО СКОПЈЕ
На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
ПОСКАПЕЛА МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА
Минималната кошничка за едно семејство изнесува над 66.000 денари.
Најосновните потреби на четиричлено семејство во јануари чинеле 66.413 денари. Трошоците за храна и пијалаци, за кои одат 36,6 проценти од парите, достигнале 24.211 денари. Од декемвриските се повисоки за 571 денар.
МИЦКОСКИ ВО ДАВОС РАЗГОВАРАЛ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на Економскиот форум во Давос имале средби со многу мултинационални компании.
„Денес имавме многу успешни и инспиративни средби со голем број на мултинационални компании, теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските компании. Вториот дел од денот го посветивме на Панелот за енергетика на којшто бев говорник, панел на којшто учество земаа буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти. Разговаравме за очекувањата и плановите во енергетиката во годините коишто следат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
