ФАКТОР НА ДЕНОТ: Студентка сведочеше дека пиротехниката во „Пулс“ била поставена блиску до гостите
СТУДЕНТКА КАЖА ДЕКА ПИРОТЕХНИКАТА ВО „ПУЛС“ БИЛА БЛИСКУ ДО ПУБЛИКАТА
Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откако јас бев таму, истакна денеска во сведочењето студентката Теа од Штип, која во критичната ноќ во дискотеката во Кочани, пристигнала околу 1 часот по полноќ, заедно со пријатели.
На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената.
Во исказот пред судот, таа рече дека во текот на вечерта биле поставувани пиротехнички средства, при што таа реагирала кај своја пријателка дека се наоѓаат „премногу блиску“ до гостите. Додека снимала со мобилен телефон, забележала дека по околу една минута започнал пожар.ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГИ НОСАТ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА
Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски. Oва денеска го соопшти полицијата.
„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“ соопшти МВР.
Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат своето време и ќе избегнат непотребен метеж.ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА МОЖЕ ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈА
Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура.
Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка влада.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се предлага значајна измена во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со која ќе се укине максималниот праг за пресметка, односно таканаречениот „таван“, со цел да се обезбеди поголема еднаквост меѓу граѓаните и поправична распределба на финансискиот товар.
