ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Странците ќе помогнат во борбата со пожарите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Странците ќе помогнат во борбата со пожарите

СЛОВЕНИЈА И ЧЕШКА ЌЕ ПОМОГНАТ ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија.

Помошта вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот.

„Понудата од Чешка ја прифативме веднаш“, рече Ангелов.

МАКЕДОНЕЦ ВО АВИОН СОВЛАДА ЧОВЕК КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ СО БОМБА

Македонецот Зоран Настески е херојот кој го спречи терористички напад во авион на летот Лутон - Глазгов. 

Видеото од соборувањето на терористот во авион кој патувал кон Глазгов кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот. 

Стигна потврда дека храбриот патник бил скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија.

Настески го соборил на земја патникот - теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот. 

АРСОВСКА ГО ВРАТИ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека на булеварот Александар Македонски во Скопје е вратен споменикот на Андон Јанев Ќосето, кој претходно беше отстранет од поранешниот градоначалник Петре Шилегов поради симболизирање на насилничко владеење.

„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија пожари има на повеќе локации, со денови гори, а дел од луѓето ги заштитиле своите објекти со правење на заштитни појаси, но има и многу што не го сториле истото. Сѐ останува на индивидуалната одговорност и ажурност.

Фондот за пензиско осигурување повторно со нови огласи за пополнување на работни позиции. За краток период Фондот објавува нов оглас со кој сега ќе се пополнуваат девет работни места од различен карактер, но и на различни позиции и во различни градови

Јавното претпријатие „Државни патишта“ официјално доставило барање до Министерството за финансии за нова дополнителна финансиска помош за отплата на автопатот Кичево -Охрид. Тоа значи дека покрај редовната отплата на долгот на јавното претпријатие кон кинескиот кредитор Ексим банка, дополнително со пари од буџетот ќе треба да се вклучи и Министерството за финансии.

фото принтскрин ДЗС

ad
Слично

Поврзани вести