ФАКТОР НА ДЕНОТ: Столтенберг допатува во Скопје, пред пратениците говореше за детството во Југославија
СТОЛТЕНБЕРГ Е НА СРЕДБИ СО ДРЖАВНИОТ ВРВ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред македонските пратеници рече дека јадел полнети пиперки и ја знае песната „Ринге ринге раја“.
Столтенберг попладнево се обрати пред македонските пратеници. Рече дека Западен Балкан има посебно место во неговото срце, бидејќи додека неговиот татко работел во амбасадата на Норвешка во екс СФРЈ тој често доаѓал тука. Се сеќава дека тука го јадел и првиот сладолед.
„Рингер рингер раја, песната која завршуваше со чуч или друг збор ја паметам. Сум јадел полнети пиперки и имам сѐ уште многу пријатели низ Западен Балкан. Често доаѓам да ги посетам како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО Алијансата“, рече Столтенберг.КРМОВ ЌЕ ЈА ПЛАТИ ШТЕТАТА
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во емисијата „Тешки муабети“ синоќа рече дека ќе ја плати штетата што ја направи во вчерашниот инцидент во Собранието.
Крмов го искрши микрофонот и мониторот на компјутерот на претседателот на Собранието додека се носеше новиот собраниски Деловник. Левица смета дека со новите зимени, опозицијата во Собранието нема да може да блокира закони со амандмани, односно да се служи со т.н. филибастеринг.
Конкретно, пратеникот на Левица, Борислав Крмов го нападна заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски. Од говорницата, откако се обиде да ги образложи амандманите на Деловникот, Крмов, видно изнервиран почна да ги фрла хартиите од аманадманите кон Мисовски.ЌЕ ИМА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА
Договорот за петдневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на 40 деца и 13 заложнички од заробеништво на Хамас беше постигнат по неколкудневни преговори меѓу израелските власти и политичкото раководство на палестинската милитантна група. Ова штотуку го објавија израелските медиуми Џерусалим пост.
Договорот, кој, според американскиот портал Аксиос, го објавија катарските посредници во мировната „борба“, е најголемиот дипломатски напредок од нападот на Хамас на 7 октомври. Израелската влада претходно се состана за да разговара и гласа за договорот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
