ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор
СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ Е ОСУДЕН НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР
Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.
Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години затвор за „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Сите три дела се споени во вкупна затворска казна од 13 години.АДВОКАТКАТА МАЈА РИСТОВА ОБЈАВИ ВИДЕО ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ШТИП
Врсничко насилство имало и во Штип, каде девојче јадело ќотек од другарките.
Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави видео снимка на која се гледа насилство врз дете. Таа посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип.
„Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен надзор од страна на ЦСР’, судот процени дека мерката е строга, па изрече ‘Засилен надзор од страна на родител’ (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка. За кривично дело ‘Запуштање и малтретирање на дете’ беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување. Поентата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи ‘Рибникар’, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот ‘Ивана и Катја’“, вели адвокатката Маја Ристова.РКЕ ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ ДА ГИ УКИНЕ БЛОК ТАРИФИТЕ ЗА СТРУЈА
Ацо Ристов, новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, на денешниот прв брифинг со медиумите , меѓудругото, рече и дека ќе се анализираат воведените блок-тарифи во сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека ќе се донесе одлука евентуално за нивно укинување.
- Регулаторна комисија во наредниот период ќе анализира дали да останат, дали да се укинат или пак дали да се промени структурата на самите блокови. Ова ќе се прави за да се види дали тоа е фер пристап, бидејќи не треба една работа да се наплаќа со различни цени, рече Ристов.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
